Македонија 06. декември 2018. / 16:03

(ВИДЕО) Макрадули со печки на пелети во училиштата ќе го намалува загадувањето

(ВИДЕО) Макрадули со печки на пелети во училиштата ќе го намалува загадувањето

Заменик-министерот Јани Макрадули при пуштање во употреба печка на пелети во училиштето во Долно Лисиче изјави дека станиците за воздухот кои се расипани ќе бидат поправени во 2019 година, но не прецизира точно кога.

– Се работи за стар дотраен инструмент, еве, конкретно, во Лисиче, кој не ги мери ПМ 10-честичките. Не бегаме, ниту се криеме од граѓаните, потребно е време за санација и ветувам дека во 2019 ќе функционираат сите станици. Ние правиме напори со министерот на Република Србија и други партнери да се најде привремено решение. – рече Макрадули додавајќи дека поставувањето печка во мало подрачно училиште не е парцијално решение, туку дел од стратегијата.

– Ова не е ад хок решние. Знаете, клучен извор за затоплување во јавните институции е нафтата и ние, еве, го правиме тоа, ќе ги замениме со екогориво. – рече тој.