Македонија 11. февруари 2019. / 15:41

(ВИДЕО) Македонските хомосексуалци ќе може да стапуваат во брак?

(ВИДЕО) Македонските хомосексуалци ќе може да стапуваат во брак?

Пратениците да не ги усвојат измените на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, бара Здружението на граѓани „Традиционално семејство“, пренесува една телевизија.

Според „Традиционално семејство“ предложените измени ќе овозможат склучување на истополови бракови, со што директно се врши упад во институцијата брак како единствена заедница помегу еден маж и една жена.

Во новиот Предлог-закон не се опфатени седум точки, мегу кои и точката 6, со која нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот исклучиво како заедница на спротивни полови.

Телевизијата го пренесува апелот на здружението апелираат пратениците да го не го гласаат законот бидејќи, само на тој начин ќе можат да го спречат разнебитувањето на македонското семејството.

Како аргумент плус од здружението ја наведуваат одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, во која е наведено дека според европското право истополовите бркови не се сметаат за човеково право и истополовите заедници не се сметаат исто како бракот помеѓу маж и жена.

Законот за дискриминација со кој се овозможува склучување на истополови бракови не беше изгласан ни во Бугарија и Хрватска.

Прилогот погледнете го во продолжение.