Македонија 28. мај 2018. / 23:09

(Видео) Македонската агенција за филм ја води измамник кој продал еден стан на двајца

(Видео) Македонската агенција за филм ја води измамник кој продал еден стан на двајца

Директорот на македонската агенција за филм Горијан Тозија го обвинуваат дека направил шема слична на Фиком во Загреб, порталот мкд.мк пишува дека стан што веќе еднаш го продал на семејство од Македонија по втор пат го продал на свој пријател за да излезе од наводните коцкарски долгови, така започнува четвртата емисија на истражувачката емисија Блиц.

Горијан Тозија е директор на агенцијата за филм државна институција што го назначува владата со потпис на премиерот лично. Горијан Тозија беше еден од предводниците на Шарената револуција, во минатото има обавувано високи државни функции своевремено беше и директор на Вардар филм, тој бил режисер и продуцент на многу познати македонски филмови еден од нив е филмот Пред дождот кој е продуциран токму од него.

Интернет агенцијата мкд.мк на 9 мај објави статија каде обелодени измама во која актуелниот директор на агенцијата за филм ја направил во деведесетите години додека работел во Загреб. Како продуцент во еминентната Балканска филмска куќа Јадран филм. Пред 26 години во Загреб, Горијан Тозија еден стан го продал двапати. Еден од оштетените најавува нов спор, напиша мкд.мк По овој текст во кој беа изнесени шокантни сознанија, Блиц стапи во контакт со оштетените за да видат за што станува збор. И дали се работи за вистински случај. Блиц телефонски го контактираше Милан Јаковљевиќ кој се жалеше во порталот мкд.мк.

Во телефонскиот разговор на новинарот Љупче Златев со Милан Јаковљевиќ на прашањето каков проблем има Милан со Горијан Тозија тој ќе одговори. “Не сум имал проблем туку едноставно ме измами за пари тоа е единствениот проблем. Ми продаде стан кој го имал продадено двапати. Со оглед дека бевме пријатели кои секој ден јадат и пијат заедно” рече Милан Јаковљевиќ.

До документот за продажба до кој стигна агенцијата Лидер стои дека на 5 февруари 1992 година Горијан Тозија го продал својот стан во елитната загребска улица Зеленгај на семејството Лабош за 260 000 германски марки, една година подоцна на 5 мај 1993 година, Тозија го продал истиот стан и на господинот Милан Јаковљевиќ за 150 000 гермнаски марки, за продажба на првиот стан Горијан Тозија платил и данок, исто како што платил данок и за втората продажба на истиот стан.

Плаќањето на данок според оштетените покажува дека Тозија измамата ја направил целосно свесно и со намера. Иако станот веќе бил продаден и бил во владение на новите сопственици, во вториот договор со Милан Јаковљевиќ кој е потпишам од продавачот и купецот во членот 2 стои дека не постои никаква пречка за купопродажба на станот, доколку се споредат двата договори очигледно е дека станува збор за истиот стан, станот број еден во објектот Силвија со ознака 13 кој се наоѓа на адресата Зеленгај број 67 за двете продажби Тозија заработил 410 000 гермнаски марки, објавува Блиц во својата емисија.

По што оштететеите тврдат дека со парите побегнал од Хрватска за Македонија, а тие останале заглавени во судските лавиринти. Во емисјата екипата на Блиц го пронајде станот кој Горијан Тозија го продал двапати, каде што на лице место сведочеше Милан Јаковљевиќ. Погледнете ја целата четвртата емисија на истражувачката емисија Блиц како Јован Тозија направил Фиком шема во Загреб по што ја напушта Хрватска и доаѓа во Македонија.