Македонија 17. февруари 2021. / 09:17

(ВИДЕО) Љутков: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше повеќе грижа за филмската индустрија

(ВИДЕО) Љутков: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше повеќе грижа за филмската индустрија

Денеска во емисијата „Утро со Златев“ гостуваше актерот Зоран Љутков. Со него се зборуваше за културата, реформите во културата, филмската продукција, образованието и слично. Една од поинтересните теми на кои се дискутираше е „каква е културата за време на оваа и претходната власт“.

– Истите продуценти и филмски работници работат и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на СДСМ. Ќе направам една разлика, во време на ВМРО-ДПМНЕ секогаш се даваше многу повеќе грижа на филмската индустрија, а и во однос на буџетите. До пред 3-4 години ние сме имале буџет за филмска индустрија над 7 милиони, а денес немаме ни 3 милиони, вели Љутков за Радио Лидер.

Тој вели дека во филмовите не може да се занимавате со индустрија. Додава дека треба да правиме продукција која ќе биде примамлива секаде во светот. Зборува и околу и режисерите.

– Во последно време самите режисери се и сценаристи во Македонија, што ова до некаде е и погрешно, додава Љутков.

Тој објаснува и за разликата меѓу оваа и претходната власт.

– До 2017 година додека беше ВМРО-ДПМНЕ имаше некаква перспектива. Не можам да кажам дека било совршено и идеално, но секогаш имало многу повеќе продуцкии и поразмуно се трошеле парите за културата во време на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ става тешка рака врз културата и се труди да ја уништи, потенцира Љутков.

Според него СДСМ го прави тоа бидејќи сака да го замолчи народот бидејќи таму е гласот. Тој вели дека културата е гласот на народот.