Македонија 23. август 2018. / 23:11

(Видео) Лидерот на Британските Лабуристи, Џереми Корбин не нарекува „Северна Македонија“

(Видео) Лидерот на Британските Лабуристи, Џереми Корбин не нарекува „Северна Македонија“

Зборувајки за слободата на медиумите во Британија, Корбин најнапред забележува дека тие се наоѓаат под огромно влијание на мал број супер-богати корпорации.

„Како резултат на ваквата ситуација, британските медиуми имаат најмала доверба споредено дури и со медиумите во не-европските држави како „Северна Македонија“ и Србија“ објаснува Корбин во своето излагање, нарекувајки ја нашата држава со име за кое ние сеуште не сме се изјасниле.