Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, откако ја повлече неговата мајка од работното место во централниот регистар, но, не поднесе оставка од неговата пратеничка позиција – сега бара истото да го сторат и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат роднини вработени во државни компании.
Фокус на денешната прес конференција беа лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и пратеникот Антонијо Милошоски.