Македонија 23. јули 2019. / 16:25

(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на членови на Советот на АВМУ

(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на членови на Советот на АВМУ

Димовски кој е претседател на Комисијата за избори и именувања, упорно одбива да закаже седница на која ќе започне јавна и транспаретна постапка за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ, рече денеска Костадин Костадинов, потпарол на СДСМ.

Тој нагласи дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно веќе неколку месеци го кочи изборот на членови на Советот на АВМУ и програмскиот совет на МРТ и свесно ги кочи медиумските реформи.

– Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во АВМУ и МРТ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава.

За потсетување, состојбата во МРТВ е единствена критика од Извештајот на Европската комисија, а потребата од реформи во јавниот сервис е нотирана и во извештајот на Репортери без граници. – рече Костадинов.

Откако АВМУ посочи на низа неправилности, портпарлот на СДСМ обвини дека професионализација во таа Агенција мора да има.

– Од друга страна, директорот на АВМУ кој патем е и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ јавно ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Министерството за внатрешни работи.

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата

Од таа причина, Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ мора да го почитуваат законот и постапката за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и седницата да започне веднаш, да ја свика и да започне расправата.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Реформите мора да продолжат во интерес и на државата и на граѓаните. – вели Костадинов.