Македонија 20. јули 2020. / 15:37

(ВИДЕО) „Корона“ свадба во Крива Паланка

(ВИДЕО) „Корона“ свадба во Крива Паланка

На социјалните мрежи е споделено видео од свадбена веселба одржана во Крива Паланка.

Иако не е познато дали видеото е од викендот, сепак, може да се утврди дека е поново бидејќи персоналот носи маски, што значи повторно е прекршен законот за организирање на веселби за време на пандемија.

Гостите и покрај препораките да се избегнуваат групни собири, седат блиску едни до други во затворен простор, танцуваат и не носат маски.