Македонија 20. декември 2019. / 12:37

(ВИДЕО) Кој е Воислав човекот кој ги заведе Силвија и Мадам Пепи?

(ВИДЕО) Кој е Воислав човекот кој ги заведе Силвија и Мадам Пепи?

Македонската јавност за Воислав Б. дозна во почетокот на 2010-та година кога пред еден скопска кафетерија беше уапсена Персида Момировска, позната како Мадам Пепи, откако полицијата пресретна пратка кокаин која од Перу, преку Франкфурт, била испратена со авион. Дрогата била скриена во кутија за боја за порцелан и испратена на адреса на нејзиниот вујко.

Кокаинот вреден 200 илјади евра, од Лима го испратил нејзиниот, тогаш, 44-годишен пријател Воислав Б. кој во Перу отпатувал во 2009 година.

Момировска беше обвинета за шверц на брендирана облека и на кокаин, за што доби затворска казна од пет години, која подоцна и беше намалена на 3,5 години затвор, додека како второобвинет во случајот на Момировска, Воислав Б. успеа да побегне.

Персида Момировска на судењето во Скопје 2010 година

Воислав Б. на 11 септември 2013 година, беше лишен од слобода, за извршени кривични дела на териоторијата на Белгија. Во октомври 2014 година со лет од Брисел, од белгиските власти беше преземен по барање со меѓународна потерница распишана преку Интерпол Скопје. Тој од скопскиот аеродром беше префрлен во затворот во Идризово, за издржување на казна затвор во времетраење од три ипол години.

Случајот за кој беше осуден датира од 2009 година кога во Скопје извршил фалсификување на бугарска патна исправа и возачка дозвола, на тој начин што вметнал сопствена фотографија, со цел фалсификуваните документи да ги користи како оригинални. Но, на оваа пресуда му бил додаден и случајот со трговија на кокаин во кој првоосомничена беше Момировска.