Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот во Шуто Оризари, каде беше во притвор како осомничен за случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство. Судијката Весна Димишкова го прифатила предлогот за куќен притвор на СЈО.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 22 октомври, пред медиумите ќе изјави:
-Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, рече тогаш Николовски.
А денес на 29 декември, два месеци подоцна со пуштањето на Сашо Мијалков во домашен притвор, се чини, и официјално се официјализираше криминална коалиција, Зоран Заев, Вице Заев, Сашо Мијалков.
На 22.10.2018 Александар Николоски ви ја најави новата криминална коалиција, Зоран Заев, Вице Заев, Сашо Мијалков денес 28.12.2018 си ја официјализираа. СЈО се слушаме? pic.twitter.com/itEwr8RBwZ
— Gjyshe (Бабата) (@dRskata1) December 28, 2018
Кривичниот суд вчера го врати на доработка предлогот на СЈО на доуредување бидејќи истиот бил некомплетен.
Мијалков е последниот од случајот „Империја“ што излегува од притвор. Со одлуките на скопска Апелација сите други осомничени излегоа од притвор. Според шпекулациите на јавноста, тој наместо во неговиот дом, во куќен притвор ќе биде во хотелот „Мериот“, каде што неговото потесно семејство е сопственик. Како што дознаваме, Мијалков си ја променил адресата на живеење во овој луксузен хотел, кој покрај огромни соби има и фитнес центар, ресторани, барови и кафетерија.
Во предметот „Империја“ истрагата опфати 13 лица. Првично притвор им беше определен на бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“, Цветан Панделески, и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски.