Со службен Ренџ Ровер, ќерка на функционер во МВР отишла на одмор во Грција заедно со нејзините пријателки, открива Нетпрес.
Злоупотребите на службените возила на министерствата и другите владини служби во приватни цели не се особена новина кај нас, меѓутоа, како и секоја претходна, така и актуелната власт ветуваше ставање крај на ваквата практика. Сепак, според се судејќи, на повидок е нов скандал од ваков вид и бескрупулозно искористување на јавнте ресурси, пишува НетПрес.
Во редакцијата на НетПрес на почетокот од штотуку започнатиот викенд добиле видео и фото материјал проследен со информацијата дека во соседна Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но кое што се користи во приватни цели.
Имено, според неофицијалните сознанија, теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” со регистерски таблички СК-9559-АЛ, во моментов во Грција го користат четири млади девојки кои летуваат во популрарниот камп „Евридки“.
Нивните извори засега не можат да потврдат дали девојките сами управуваат со службеното возило или, пак, ги вози службен возач од министерството.
За веродостојаност на информацијата, односно за евентуалната злоупотреба, од НетПрес побарале официјални информации од МВР: Имено дали луксузниот џип „Ренд Ровер Дискавери Спорт” со регистрација СК-9559-АЛ е возило на Министерството за внтатрешни работи? Дали во МВР знаат каде е возилото во моментов? И дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото?
Од сужбата за односи со јавноста при МВР било одговорено дека прашањата ќе бидат проследени до надлежните и доплнително ќе биде одговорено.