Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада за само една недела покажаа огромно непознавање, нестручно и незаконско работење на штета на граѓните и државата. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните.
Чулев издал телеграма со која ги укинува наредбите за извршување задачи на полицајците во други организациони единици (член 154 од Законот за внатрешни работи). Со тоа Чулев создава недостаток на полицајци за обезбедување и директно ја загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има законска обврска да ги обезбедува, како и амбасадите на неколку држави, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ и други, изјави Снежана Калеска – Ванчева, од СДСМ
Со таквото неодговорно и незаконско работење, Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата. Загрозувањето на безбедноста на граѓаните, на границата и државните објекти е кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои сакаат да го загрозат територијалниот интегритет на државата.
Постапките на Чулев покажуваат дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште се кадрите под контрола на Груевски кои работат на штета на интересите на граѓаните, изјави Калеска Ванчева.