Руското влијание во Македонија е тема на втората епизода на истражувачката емисија „Блиц“, која во вторник во 22:00 часот ќе се емитува на Телевизија „АЛФА“.
Во најавата за емисијата, авторот Љупчо Златев ги открива темите:
Полковникот кој правел дилови за набавка на оружје од Русија, министерката Шекеринска го прати да биде воено аташе во Америка.
Од Министерството за Одбрана не одговараат дали ги известиле стратешките партнери од САД дека вакво лице, кое е потенцијален таргет за врбување на руските служби – сега влегува и во Пентагон.
Светот се поларизира. Рускиот амбасадор влезе во офанзива против нашето членство во НАТО и упати заканувачка порака до Македонија.
-Кога ќе влезете во НАТО, ќе станете легитимна воена мета за Русија – вели рускиот амбасадор Олег Шчербак.
Има ли засилено Руско Влијание во нашата земја?
– Руското влијание никогаш не престанало во Македонија. (КАТ) Русите не се искочени од овде од после ослободувањето од 45-та. – вели аналитичарот Агим Јонуз
Владимир Путин секојдневно присутен во медиумите, документи на руските служби покажуваат дека се цели на се поголемо присуство на руска пропаганда во македонските медиуми. Се формираше и проруска партија.
– Зошто е добро да земате пари од Циа и од СОРОС, а е лошо ако земате пари од Русија? – прашува Јанко Бачев од проруската партија, Единствена Македонија.