Македонија 17. јули 2020. / 18:41

(ВИДЕО) Каде исчезнаа 2013 гласачки ливчиња од кочаните на ДИК?

(ВИДЕО) Каде исчезнаа 2013 гласачки ливчиња од кочаните на ДИК?

Каде исчезнаа 2013 гласачки ливчиња од кочаните на ДИК, на ова укажува поранешниот член на комисијата Сашо Срцев, коj вели дека податоците кои беа вчера презентирани на јaвнaта седница на ДИК не соoдествуваат со официјалните статистички податоци.

Ако гласале 942.334 гласачи, односно толку ливчиња биле употребени во трите изборни денови, а неупотребени глсачки ливчиња биле 869.889 тогаш се јавува јаз од 2013 ливчиња.

Збирот на искористените и неупотребените ливчиња изнесува 1.812.223, а на избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.236 гласачи.

Срцев вели ова треба некој убаво да го објасни.