Македонија 20. февруари 2019. / 20:29

(ВИДЕО) Кацарска: Не можам да коментирам дали Нинџа се спогодил со Обвинителството

(ВИДЕО) Кацарска: Не можам да коментирам дали Нинџа се спогодил со Обвинителството

Пред се не знаев дека пред судот се лицата за кои велите дека се организатори, бидејќи тоа е предметот кој го работи Обвинителството и не можам да коментирам ништо, рече судијката Добрила Кацарска.

На прашањето дека Обвинителството тврди дека на база на сведочењето на Александар Василевски – Нинџа ја темели истрагата и шпекулациите дека се спогодува со Обвинителството но и со судот, Кацарска одговори дека со судот не може да се спогодува.

– Со судот не може да се спогодува, се знае кога може обвинет да прави спогодба пред суд, со мене воопшто не може. – рече Кацарска.

– Дали со Обвинителството има договор не би можела да коментирам. Утре ќе завршиме со последните завршни зборови. Ова е исклучително обемен предмет и ќе ми треба недела дена за да го спремам решението и казните. – изјави судијката Добрила Кацарска.