СДСМ за две години со своето погубно владеење, неправдите, криминалот и корупцијата загуби околу 300.000 гласови. Заев и Пендаровски ја уназадуваат Република Македонија и граѓаните тоа го казнија, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
–Наместо голи флоскули како СДСМ ќе презентираме бројки и факти. СДСМ тоне и за тоа нема спас. Коалицијата која ја предводеше СДСМ во 2016 година броеше 14 партии, во 2017 година броеше 24 партии, додека сега бројат над 30. Но. Додека бројот на партии расте, бројот на гласови вртоглаво опаѓа. Коалицијата предводена од СДСМ, во која се партиите ДУИ, ДПА, ДОМ, ЛДС, ДП, ВМРО НП, Обединети за Македонија уште 20 други партии овие избори освои само 323 илјади гласа, ова е пад од речиси 200.000 гласови на истата оваа гарнитура од политички партии кои заедно во 2017 година освоија над 523 илјади гласови. Граѓаните им кажаа не на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот. А Заев и Пендаровски за само една година паднаа за околу 200.000 гласа, рече Јанушев.
На 5 мај, додаде тој, граѓаните ќе го поразат Заев и Пендаровски.
-Поразот на Пендаровски е крај за Заев и сета деструктивна и криминогена политика во изминативе две години. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова се за право и правдина за Македонија и во Македонија. Ние се залагаме за подобра иднина, посилна економија, чиста животна средина, зголемена безбедност, депаритизирана администрација, независно судство и буквално ама буквално почитување на принципите и вредностите на кои се темелат модерните демократии, рече Јанушев.