СДСМ не знае и не умее да се справи во корона вирусот во државата. За тоа покажаува и висока бројка на новозаразени и починати во државата, напиша на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Вели дека поради нивната желба за избори и фотелја голем број на функционери заминаа во самоизолација, а и неколкумина излегоа позитивни на Ковид 19.
– Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекирии поради контакт со него во самоизолација се Мила Царовска, Оливер Спасовски, Дамјан Мачевски, директорот на финансова полиција, директорот на служебен весник, директорката на УЈП, Сања Лукаревска. СДСМ е најголем кластер во Македонија. Не внимаваа ниту на себе, ниту на граѓаните.Нивната неодговорност им се удри од глава. Заслепени од желбата за власт го изгубија компасот, пишува Јанушев.