Македонија 16. октомври 2019. / 20:57

(ВИДЕО)Јанушев: Почнуваме со отворање на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО)Јанушев: Почнуваме со отворање на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Онака како што најавивме пред неколку дена така и продолжуваме од денес среда 16 ти октомври почнуваме со отворање на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија, со повик кон граѓаните да дојдат и да си ги искажат своите проблеми. Ние од ВМРО-ДПМНЕ зимаме обврска пред се да понудиме решенија за сите проблеми кои што ги тиштат граѓаните на оваа држава, кажа генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев

-Имено како што веќе најавивме секоја среда со почеток од 17 часот ќе може сите заинтересирани граѓани да дојдат во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, да поразговараат со актуелните раководства во општинските комитети, да ги кажат проблемите и маките кои што пред се случуваат во секојдневниот живот, а знаеме сите дека ги има се повеќе и повеќе, бидејќи оваа криминално рекетарска власт на Заев единствено што прави е да ја уништува Република Македонија, изјави Јанушев.

Знаете дека веќе месец дена сме присутни по градовите низ Република Македонија, планот ние до крајот на годинава да го посетиме секое населено место и токму поради огромниот интерес на граѓаните да си ги кажат своите проблеми да си ја кажат маката решивме и на овој начин да овозможиме во нашите штабови, во нашите Општински комитети да дојдат и да го направат тоа, бидејќи до сега имаме повеќе од 15.000 граѓани кои дошле и ги соопштиле своите проблеми кои што се случуваат во секојдневниот живот, посочи Јанушев.