Македонија 10. јули 2020. / 14:37

(ВИДЕО) Јанушев од Зелениково: Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ исполнува се што ветува

(ВИДЕО) Јанушев од Зелениково: Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ исполнува се што ветува

Носителот на листа во изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес оствари средба со жителите на Зелениково со кои што разговарале за проектите што се во план да се реализираме после 15 јули.

-Имавме и можност да поразговараме за дел од неостварените ветувања, односно лаги на социјал демократскиот сојуз овде во Зелениково. Еден таков пример е и мостот кој што е овде во месноста Река, кој што и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку претходни наврати, од страна и на градоначалникот односно локалната самоуправа но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ , буквално ништо не е направено, вели Јанушев во објавеното видео.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ  е поразлично, нудат иднина, нудат извесност,  нудат граѓаните да бидат со подигната глава и исправена кичма.

Сето она што е ставено во програмата во проектот Обнова, ние земаме обврска, се обрврзуваме пред граѓаните дека истото ќе биде испочитувано, истото ќе се реализира во следниот период од 4 години, вели Јанушев..

Целосното видео обраќање може да го проследите во продолжение.