Македонија 02. ноември 2019. / 13:04

(ВИДЕО) Јанушев од Градско: Ниту едно од предизборните ветувања не се остварени

(ВИДЕО) Јанушев од Градско: Ниту едно од предизборните ветувања не се остварени

„Буквално ниту едно од предизборните ветувања, впрочем како и секаде низ Република Македонија од страна на локалната власт не е воопшто испочитувано, порача генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, при денешната посета на Градско во рамки на разговорите за Обнова на Македонија.

– Она што дополнително можам да го кажам а што е како огромен проблем за жителите на Градско дека и покрај огромните ветувања за исплата на штетите од измрзнувањето од 2016 година, се уште не се исплатени на 130 семејства и не можат да си го остварат своето право и да го земат овој надомест, рече Јанушев.

Додаде и дека предизборното ветување на СДСМ за откупен центар за земјоделски производи воопшто не е ни започнато, а не е средено ни  речното корито на мостот во село Ногаевци за кое што има огромен сомнеж дека станува збор и за криминални активности, но и сериозно ја загрозува безбедноста на самиот мост.

– Но, ова е нешто што е типично за работењето на криминално рекетарската банда на Заев бидејќи во еден очај, во немоќ ги гледаме како полека отстапуваат од оние мерки за кои што се бореа а кои што се на штета на граѓаните, па така во последните неколку дена видовме како пробуват на некој начин да ретерираат и од прогресивниот данок кој што го воведоа пред извесно време, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Македонија почнува со обновата, а на граѓаните да се охрабрат и да ги кажат своите проблеми за кои како партијата ќе земе обврска за истите да понуди решенија.