Македонија 15. октомври 2019. / 15:38

(ВИДЕО) Јанушев: Македонија е на погрешна патека, а власта само го троши времето

(ВИДЕО) Јанушев: Македонија е на погрешна патека, а власта само го троши времето

„Разговори за обнова на Македонија“ покажаа дека граѓаните живеат тешко време исполнето со несигурност, револт и многу нерешени проблеми. Македонија е на погрешна патека, а власта само го троши времето. Секој изминат ден значи нови проблеми, нови осиромашувања, нов удар врз достоинството на нацијата и земјата. Секој поминат ден значи нов нерешен криминал, нова неправда и несигурност за обичниот човек. Оваа власт владее со измами и лаги, а на се што градеше поени секоја клевета и лага се враќа како бумеранг. Патот кон Европа има многу предизвици, многу проблеми но еден се чини е најголем кој упорно турка наназад и ја одзема иднината. И тој проблем се вика Зоран Заев. Овој човек не умее да испорача резултати, а најмалку европска иднина, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

На граѓаните им е потребна обнова, и затоа се спремни да се изборат како никогаш порано. Тоа го говори огромниот одѕив на граѓаните во акцијата односно кампањата „Разговори за обнова на Македонија“, каде досега над 15.000 граѓани се обратија со проблеми. Тие се жалат поради сиромаштијата, неправдите кои стегаат, ударите врз достоинството и бесценетите работи кои Заев и власта ги продаваат. Се жалат поради урнисаното земјоделие, иселувањето, криминалот и корупцијата и ударот врз бизнисот. И особено охрабрува нивниот огромен интерес на над 15.000 граѓани кои проговорија за она што ги мачи и побараа решение. Ова нас не обврзува да ја продолжиме оваа акција и да работиме уште поинтензивно, уште понапорно на решенија кои ќе бидат дел од нашата нова програма. Поради големиот интерес граѓаните да проговорат за проблемите но и заедно да стигнеме до решенија одлучивме „Разговори за обнова на Македонија“ да ги прошириме со уште две акции во корист на граѓаните, изјави Јанушев.

Отворените денови започнуваат од утре – 16-ти октомври, во сите штабови на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија и ќе продолжат секоја среда во периодот од 17:00 до 19:00 часот. Средбите во месните заедници во сите населени места низ Република Македонија ќе се одвиваат за време на викендите, почнувајќи токму од викенд – односно до 19-20 октомври. Ги повикувам сите граѓани кои го живеат ова тешко време да се приклучат и да земат учество во „Разговори за обнова на Македонија“, рече Јанушев.