Македонија 19. октомври 2019. / 15:14

(ВИДЕО) Јанушев: Граѓаните на Македонија беа казнети поради погрешните политики на Зоран Заев

(ВИДЕО) Јанушев: Граѓаните на Македонија беа казнети поради погрешните политики на Зоран Заев

„Без вистински реформи Македонија не може да се придвижи напред. За жал, на штета на сите граѓани на Република Македонија, едноставно беа со оваа одлука казнети поради погрешните политики на Зоран Заев„ изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Според Јанушев кој денеска беше во посета на Крива Паланка, како дел од акцијата „Разговори за обнова на Македонија“, тоа што се случувало деновиве е всушност нешто што наназад некој период го кажувале и апелирале до јавноста дека, како што кажа, со криминално рекетарската влада на Заев, без вистински реформи, Македонија не може да се придвижи напред.

– Она што го очекуваме во следниот период имајќи во предвид за каков човек станува збор, нема да не изненади доколку излезе и всушност целата вина се обиде да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанушев.

Тој од Крива Паланка порача дека продолжуваат уште посилно од сега со нивната кампања за обнова на Македонија и дека за многу брзо се она што ќе го слушнат од граѓаните, ќе биде преточено не само со програма туку и по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го реализираат.