Македонија 26. декември 2019. / 19:50

(ВИДЕО)Јанушев: Едногласна поддршка за Мицкоски да биде новиот кандидат за мандатар на изборите во април

(ВИДЕО)Јанушев: Едногласна поддршка за Мицкоски да биде новиот кандидат за мандатар на изборите во април

По состанокот на Централниот и на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, партискиот генерален секретар , Игор Јанушев ги соопшти на прес конференција заклучоците.

Според Јанушев , највисоките партиски тела го потврдиле учеството на претседателот на партијата , Христијан Мицкоски на состанокот за формирање техничка влада со лидерите на СДСМ , премиерот Зоран Заев и на ДУИ , Али Ахмети.

Јанушев рече и дека членовите на Централниот и на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ му дале едногласна поддршка на Мицкоски да биде новиот кандидат за мандатар по изборите во април.

„Комитетите дадоа поддршка на Мицкоски да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа. На предлог на кабинетот на Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој во јавноста беше познат по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период“, рече Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие имаат кандидати за сите министерски места во техничката влада, но ќе ги кажат по преговорите на лидерската средба.