Македонија 30. ноември 2019. / 15:11

(ВИДЕО) Јанушев: Единствената фабрика која СДСМ ја отвори е онаа за лаги на Илинденска

(ВИДЕО) Јанушев: Единствената фабрика која СДСМ ја отвори е онаа за лаги на Илинденска

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска присуствуваше помеѓу граѓаните на Делчево. Притоа се запозна со секојдневните проблеми на делчевчани како резултат на актуелните политики на власта.

Јанушев посебно го истакна иселувањето на младите луѓе, особено, како што рече, последните неколку години откога дојде „живот за сите“, што всушност не е живот, туку е една голгота, гола борба за опстанок.

– Ги слушаме проблемите и секако земаме обврска како ВМРО-ДПМНЕ да понудиме решенија за истите во изборната програма со која што ќе излеземе пред вас граѓаните на 12-ти април, сигурен сум дека ќе ни ја дадете вашата поддршка и доверба и дека работите ќе почнеме од корен да ги менуваме после 12-ти април со формирањето на новата Влада од ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанушев.

Тој истакна дека како партија неколку пати во изминатиот период се обидувале во Собранието на Република Македонија преку амандмани во буџетот да обезбедат средства за изградба на патот Кочани-Делчево, меѓутоа вели Јанушев, слух од страна на Владата нема.

Нема поради тоа што единственото што знаат да го прават е криминалот, корупцијата, непотизмот да функционираат, односно делуваат на едно криминално рекетарски начин, тоа е единствениот начин што го знаат. Немаат една шајка заковано, немаат буквално ништо направено во овие речиси три години, единствената фабрика која што ја отворија е фабриката за лаги која што се наоѓа на Илинденска, рече Јанушев.

На крајот тој истакна дека како ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди изборна програма со која ќе излезе пред граѓаните на 12-ти април, додавајќи дека се сигурни во огромната победа која што ќе ја имаат.