Македонија 07. јуни 2020. / 17:05

(ВИДЕО) Јанушев до власта: Лицемерно ви е однесувањето, и кон опозицијата и кон сите граѓани

(ВИДЕО) Јанушев до власта: Лицемерно ви е однесувањето, и кон опозицијата и кон сите граѓани

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на социјалните мрежи со видео порака.

Бројките на новозаразени од Ковид 19 се катастрофални. Состојбата е навистина алармантна! Власта наместо да покаже вистинска грижа за граѓаните, носи небулозни мерки од кои апсолутно никој нема корист. Зошто заменик министерката Славјанка од МВР не е во самоизолација? Како тоа за нејзе е направен исклучок и по кои критериуми? Лицемерно ви е однесувањето, лицемерно и кон опозицијата и кон сите граѓани, вели Јанушев.