Македонија 14. March 2019. / 11:23

(ВИДЕО) Јанева: И мене ме следат служби, очиприметно e!

(ВИДЕО) Јанева: И мене ме следат служби, очиприметно e!

Специјалнта јавна обвинителка Катица Јанева, во гостувањето во 1ТВ, изјави дека очипреметно е дека и неа ја следат служби.

Откако претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски кажа дека го следат странски служби и Јанева се пожали дека е следена, но додаде дека не е загрижена за својата безбедност бидејќи има обезбедување.

– Јас знам дека ме следат, очиприметно е оти ме следат одредени лица, но тоа не ме оптеретува мене, јас имам обезбедување веќе, во однос на мојата сигурност. – изјави Јанева.

Она што е интересно во нејзината изјава е користењето на зборот – очиприметно. Истиот го побаравме во популарниот дигитален речник на македонскиот јазик и не можевме да го најдеме. Најверојатно Јанева сакала да каже „очигледно“, но добро е што, сепак, прави обид да го збогати нашиот јазик со нов збор.