Македонија 13. јануари 2021. / 10:06

(ВИДЕО) Илиевски смета дека концептот на Царовска има политичка, а не образовна димензија

(ВИДЕО) Илиевски смета дека концептот на Царовска има политичка, а не образовна димензија

Денеска во емисијата „Утро со Златев“ гостин беше просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.

Со него се зборуваше околу образованието во Македонија, па затоа тој ја искоментира и реформата на Царовска со предметот по историја. Според него концептот на Царовска има политичка позадина.

На новинарско прашање за нацрт-концептот на Царовска тој го одговори следново:

– На почетокот мислев дека има образовна димензија и дека се залагаат за некакви дипломи, но сега откривам дека политиката длабоко е навлезена во образованието, потенцира Илиевски на денешното гостување во „Утро со Златев“.

Тој ги коментира случувањата во образованието и вели дека мора да се почне со модернизација, но тоа не смее да има политичка позадина.

– Да имаме реформи во образованието тоа не е спорно. Треба да одиме со европскиот тренд на модернизација, технологија, стандарди. Треба да бидеме во текот на европските случувања, вели Илиевски за Радио Лидер.