Утрово, гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин медиумскиот експерт Виктор Грозданов со кој се разговараше на повеќе теми. Она што беше ексклузивно откриено на овој утрински подкаст е дека гостинот во емисијата откри детали од пропаѓањето на А1 телевизија.
На почетокот на емисијата на прашање на новинарот Златев „Дали СДСМ помогна во пропаѓањето на А1 телевизија?“, гостинот се согласи и децидно кажа дека СДСМ ја пуштило А1 низ вода и покрај тоа што многумина го обвинуваат Груевски.
Потоа Грозданов зборуваше околу долгот на А1 телевизија и дали Велија Рамковски го платил истиот. Тој вели дека го платил долгот, но кажува и каде згрешил.
– Велија го плати долгот по извршен период на три еднакви рати. Велија згреши што мислеше дека е појак од самиот премиер, вели Грозданов за Радио Лидер.
Грозданов вели дека од целиот случај со А1 телевизија настрадале неколку луѓе, а тука освен самиот Велија, настрадала и ќерка му и уште неколку луѓе кои ги наведува во самото видео.
Во ова гостување тој зборуваше и што прави денес оваа телевизија и дали е можно одново да се отвори истата.
– Факт е дека одново не може да се отвори А1, но неправдата на некои луѓе треба да излезе на виделина, потенцираше гостинот Грозданов.
Тој зборуваше и за тоа колку пари било рекламирање на А1 телевизија, а детално за тоа може да погледнете на видеото.