Обраќањето на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во Брисел, на конференцијата за Западниот Балкан. Во својот говор Николоски се заблагодари за можноста директно да ја опише ситуацијата во Македонија, која е топ тема во последниве месеци поради спорот со името со Грција.
Како што сите знаете, Република Македонија се обидува да стане полноправна члекна на ЕУ и НАТО, и за нас, како и за целиот регион, не постои друга вредна алтернатива од политички, економски, социјален, и културолошки аспект. Делиме иста култура и цивилизација, чии дел ќе останеме и понатаму. Но како што знаете, Македонија има го има единствениот проблем од таков вид, каде една од соседните земји бара да го промениме нашето име…“ рече Николоски во уводот на своето обраќање.