Македонија 19. септември 2020. / 20:43

(ВИДЕО) Гори планината Стогово, нема реакција на институциите

(ВИДЕО) Гори планината Стогово, нема реакција на институциите

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, објави Сител ТВ.

Последното село кое е во близина на пожарот е Броштица, а тамошните жители велат дека теренот е непристапен и може само пешки да се стаса. Досега не е активирана авионската единициа за гаснење на пожари.

Проценките се дека засега нема опасност пожарот да се прожири до селото, но од другата страна на Стогово е галичкиот крај и селата од Галичник.

-Во контакт сме со општината, но Центар Жупа нема противпожарна единициа. Останува ноќта да ја минеме во набљудување на состојбата, велат жителите.