Македонија 19. јуни 2020. / 16:24

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Зоран Заев и Вице Заев со признанието на Боки 13 си купија билет за Идризово

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Зоран Заев и Вице Заев со признанието на Боки 13 си купија билет за Идризово

Во нормална правна држава после признанието на главниот осуден во Рекет, дека парите завршиле кај Зоран Заев и Вице Заев, денес тие требаше да бидат со лисици на рацете поради сомнение за сторен криминал, рече на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова Зоран и Вице Заев си купија директен билет за во Идризово. Нема криминал во оваа држава, а да не се спомнува името на овие двајца, потенцираше Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека Јавното обвинителство молчи и не се осмелува да ги викне браќата Заеви ниту на разговор.

Ова е втор пат откако сега осудениот експлицитно го посочува Зоран Заев, а ЈО не се воопшто не се интересира за тоа. Зоран и Вице Заев вчера во судот беа посочени како лица кај кои завршиле пари од Рекет, но Зоран Заев е белата мечка за кого ЈО не смее да отвори постапка, иако сите индиции водат директно до него, рече Ѓорѓиевски.

Тој додава дека за Јавното обвинителство беше релевантен и отвори постапка според исказ на Нинџа, а сега молчи на индициите и исказите кои ги дава Бојан Јовановски, посочувајќи го Боки 13 како човекот кој ја носел торбата полна со пари и тој знае каде ја однел. А, тоа, според Ѓорѓиевски би требало да биде доволно силен аргумент Зоран Заев лично да биде повикан во ЈО да даде исказ, и истовремено да му се одземат уредите за електронска комуникација со цел нивно вештачење.

ЈО со своето неделување само потврдува дека Зоран Заев не е чист и дека нешто се крие. Очекуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да отвори истрага против него. Во спротивно јасно излегува на површина дека ЈО е на тастер токму од Зоран Заев, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски додаде дека ЈО и сите кои сега не смеат да отворат постапка против Заев, иако, како што вели, за тоа има искази, со воспоставување на правната држава во Република Македонија ќе треба да се соочат со аргуменитите дека го прикривале Рекет.