Македонија 21. јануари 2019. / 15:05

(Видео) Ѓорчев: Заев и СДСМ удрија врз пензионерите, пензиите повеќе нема да растат

(Видео) Ѓорчев: Заев и СДСМ удрија врз пензионерите, пензиите повеќе нема да растат

Откако ги покачија даноците и давачките кон државата, донесоа Закон за зелени пазари кои што ќе ги остави поголем дел од пазарџиите без извор на егзистенција, сега СДСМ удри повторно и по пензионерите, обвини Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории на граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение кое што го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира, рече Ѓорчев.

Уште еднаш, додаде тој, пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи, рече Ѓорчев, се анулира и се крати зголемувањето кое што требаше да го имаат пензионерите, а кое што беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ.