Македонија 21. јануари 2019. / 22:30

(ВИДЕО) Ѓорчев за „Дневно“: Секој изминат ден на власта на СДСМ е загубен ден за Македонија

(ВИДЕО) Ѓорчев за „Дневно“: Секој изминат ден на власта на СДСМ е загубен ден за Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, во интервју за Дневно.мк, од Ранковце, истакна дека актуелната власт на СДСМ и Зоран Заев, со секој изминат ден, прави енормна штета на државата и дека граѓаните се се повеќе незадоволни од нивните политики.

– Секој изминат ден на оваа актуелна власт на СДСМ и Зоран Заев е загубен ден за Македонија. Не само што стагнираме, туку одиме и надолу, така што, што поскоро си заминат тоа подобро за државата, затоа што штетите се енормни, и во уделот на државните и националните интереси, во делот на економијата, иселувањето, земјоделството, загадувањето. Нема област во која што немаме секојдневни штети во државата што е буквално растат. – рече Ѓорчев.

Целото интервју на Ѓорчев можете да го прочитате ТУКА.