Македонија 09. март 2021. / 15:13

(ВИДЕО) Ѓорчев: Лицемерно е преку ден попис, а навечер полицициски час

(ВИДЕО) Ѓорчев: Лицемерно е преку ден попис, а навечер полицициски час

Нелогично и лицемерно е СДСМ преку ден да најавува и спроведува попис на населението, попладне функционерите на СДСМ да одат во илјадници домови за ажурирање на членството на СДСМ како огромен, огромен ризик за јавното здравје, а навечер да се најавува полициски час, изјави на денешната прес конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа е лицемерно, тоа е ризик за јавното здравје, тоа е целосно нелогично. Господо од СДСМ, време е за оставки. Време е за оставки за тоа што сте најлоши на светот, со најлоши бројки, со најмалку вакцинација, а најмногу мртви од короната. Ова е фијаско и катастрофа што се случува секој ден во Македонија, посочи тој.