Министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање објавено на неговиот Фејсбук профил, на граѓаните им порача дека вакцините против Ковид-19 се безбедни и се единствен начина за да ја победиме пандемијата со коронавирусот.
Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет. Тие ќе се обезбедат преку Ковакс механизмот на СЗО, преку понудата на ЕУ и преку можностите за директни договори со компаниите производители.
Тој вели дека се повеќе сме сведоци на лажни вести, но уверува дека сите вакцини се безбедни и секој еден граѓанин на кој е индицирана вакцина треба да ја прими за да се стави крај на пандемијата.