Македонија 30. септември 2018. / 23:53

(ВИДЕО) Евидентно полнење кутии во Сарај: Празно село, со 95% излезност!

(ВИДЕО) Евидентно полнење кутии во Сарај: Празно село, со 95% излезност!

Евидентно полнење на кутии во скопската општина Сарај. Во двете избирачки места во селото Ласкарце кои се наоѓаат во основното училиште „Ибе Паликуќа“, денеска имаше над 90% излезност.

Екипата на Економски Лидер, зачудена од масовната излезност до излезе на терен и го посети селото. Денеска Ласкарце беше празно, на улиците забележавме одвај четворица граѓани, па од тука се поставува прашањето како е можно да излезат 1035 граѓани во ова мало село во кое има помалку од 200 жители.

На избирачкото место кое го посетивме, во дворот имаше десетина луѓе а внатре имаше само двајца членови на избирачкиот одбор кој седеше на кутијата.

Со нас не сакаше да разговара никој, а не ни можевме да разговараме затоа што на избирачкото место имаше само кдвајца членови на одборот и ниту еден набљудувач, ова може да се забележи на видеото. Сите други беа надвор и ни говореа дека до сега не виделе по демократски избори.

Во прилог статистиката од двете избирачки места во Ласкарце, при што може да забележи огромен раст на гласање:

Избирачко место 2447 Вкупен бр. На гласачи 509

11ч. Гласале: 70

13ч.Гласале: 300

15ч. Гласале: 340

17ч.Гласале: 475 18:30ч. 483

Во 2017г на локални избори гласале вкупно 249.

ИМ 2447/1 Вкупен бр. На гласачи 635

11ч. Гчасале: 72

13ч. Гласале: 300

15ч. Гласале: 345

17ч. Гласале: 490 18:30, 577

Во 2017г на локални избори гласале вкупно 289.

Во прилог ви доставуваме и други избирачки места од Сарај на кои може статистички да се забележи дека се полнеле кутии, а слични информации стигаат и од терен.

ИМ 2439
Вкупен бр. На гласачи 998
17ч. Гласале: 425
18:30ч. Гласале: 885
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 613.

ИМ 2448
Вкупен бр. На гласачи 521
13ч. Гласале: 130
15ч. Гласале: 216
17ч. Гласале: 302
18:30ч 401
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 245.

ИМ 2460/1
Вкупен бр. На гласачи 623
13ч. Гласале: 146
15ч. Гласале: 350
17ч. Гласале: 400
18:30ч. 520
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 336.

Сарај, полнење на кутии во ИМ:
2455, 2457, 2458/1, 2450, 2430, 2437, 2438/1, 2447, 2447/1.

Во останатите изборни единици:

ИЕ 2
ИМ 2953 и ИМ 2954 с. Љуботен, општина Бутел, констатирано е масовна повреда на избирачкото право, односно гласање за друг.
Во 2953 од страна на ОИК Бутел е констатирано дека лице е потпишано во ИС на местото на гласач кој требало да гласа.

ИЕ5
Струга:
ИМ 1883/1 Октиси, отстранети набљудувачи.
ИМ 1907 Лабуништа, отстранети нављудувачи.
ИМ 1907, 1907/1, 1909, 1905/1 набљудувачите отстранети од ИМ со насилство пред присуство на полиција.
Пласница:
ИМ 0277, 0278, 0278/1, 0279 и 0279/1 насилно отстранети набљудувачи.