Македонија 07. февруари 2019. / 14:10

(ВИДЕО) Еве која била улогата на Силјановска во Професорскиот пленум

(ВИДЕО) Еве која била улогата на Силјановска во Професорскиот пленум

Професорката Гордана Силјановска Давкова, на средбата со членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петорв, ја образложи нејзината улога во Професорксиот пленум.

Таа кажа дека се активирала, токму поради измените во Законот за високо образование, кој нудел и добри, но и лоши решенија.

Според неа спорен бил импакт факторот Томсон Ројтерс, кој не е воопшто применлив за општествените науки.

Потоа професорката, заедно со други претставници од академската заедница имале средба со тогашниот премиер Никола Груевски, кој ги сослушал, се согласил со Силјановска, па го повлекол спорниот закон.