Искинат тапацир на столчињата во Македонскиот народен театар (МНТ) и откорнати орнаменти од ѕидовите е штетата по присуството на навивачката група Шверцери на Фудбалскиот клуб Шкупи, на петочната прослава на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, пишува Сакам да кажам.
Директорката на најголемиот театар во државава, Симона Угриновска, ни рече дека во моментов е во консултација со Владата и со правниците и случајот во текот на денот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи (МВР).
Прославата беше во организација на Владата, и ми беше кажано дека ќе има два настана. За првиот официјален дел, свечената академија, на кој присуствуваше и премиерот Зоран Заев, бев во координација со портпаролот на Владата Мухамед Хоџа. За вториот настан, координатор беше Артан Груби и тој ми кажа дека ќе има само проекција на документарен филм “, вели Угриновска за САКАМДАКАЖАМ.МК. Груби е пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.
„Срце ме боли за театарот. Зар мислите дека јас, која имам вратено долг на театарот од 120 илјади евра, ќе дозволам влез на навивачки групи и вакво однесување“, вели директорката Угриновска.
Свечено беше отворен во декември 2013, со премиерата на претставата „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски, тогашен уметнички директор на МНТ.
Инаку на новинарите не им беше дозволено да ја снимат штетата во МНТ.