Македонија 07. февруари 2019. / 10:55

(ВИДЕО) Еве како се отстранува оградата на Владата

(ВИДЕО) Еве како се отстранува оградата на Владата

Железната ограда од пред зградата на Владата се отстранува. Одлуката за отстранувањето на оградата беше донесена на последната владина седница со цел, како што беше наведно, да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека за отстранувањето нема да се трошат пари од граѓаните, туку ќе се искористат внатрешните ресурси, односно постојаните капацитети на службите во рамки на Владата.