Дваесеттина студенти од Тетово, со 14 барања, излегоа денеска на протест на градскиот плоштад.
– Ние живееме во демократија, но не гледаме дека има демократија во оваа држава бидејќи студентите немаат право да кренат глас – истакна еден студент.
Студентскиот протест, организиран наводно, преку социјалните мрежи, беше најавен како борба против корупцијата, дискриминацијата, плагијаторството и партизацијата на образованието.
Ова се нивните барањата:
1. Бараме суштински реформи во системот на високото образование во Македонија, во духот на современите трендови во напредните држави во светот.
2. Академска слобода, транспарентност, соодветно учество на студентите во донесувањето одлуки на факултетите и универзитетските органи.
3. Обезбедување на потребната инфраструктура за ефикасен образовен процес, универзитетски библиотеки, книжарници, студентски претпријатија итн.
4. Субвенционирање или отстранување на плаќањето на два месеци пракса на Универзитетот (50 евра), Намалување на надоместокот за странски студенти (50%), Отстранување на плаќањето 100 € за одјавување од универзитетот, 100 € за земање диплома.
5. Финансирање на стручната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет.
6. Забрана на условување со купување книги и нелиценцирани скрипти за потпис од професори.
7.Опремување и реновирање на салите, лабораториите и други потребни помагала за студентите.
8.Објавување на Статутот на Универзитетот и извештајот за процена на евалуацијата на студентите за професорите да биде на страницата на универзитетите.
9. Студентскиот парламент да биде независен од раководството на универзитетот и партиски влијанија.
10.Отстранување на професори осудени за кривични дела во рамките на образовните институции.
11.Разгледување на академски титули и проверка на плагијати. Дали законот се почитувал, времето потребно за премин од едно во друго звање и научни трудови.
12.Забрана на дискриминација на жените и нивно условување со непристојни дела во замена за оценка.
13. Бараме од државната ревизија, Антикорупциска комисија, инспекторат за образование и финансиската полиција да го испита секој трошок во буџетот на универзитетот што се полни од страна на студентите и даночните обврзници.
14. Да се прекине влијанието од политичките партии во назначувањето предавачи.
15. Бараме итно Универзитетите да се ослободат од екстремниот непотизам, наместо семејствата да се ангажираат квалификувани наставници што ќе работат за интересите на студентите, не за лични – семејни цели.
Тие ќе протестираат се додека не им се исполнат барањата, а очекуваат протестите да се прошират и во Скопје.