Македонија 05. јули 2019. / 15:07

(ВИДЕО) Директорот Исени носи пиштол на појасот на свадбена веселба

(ВИДЕО) Директорот Исени носи пиштол на појасот на свадбена веселба

Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, се пофали со скандалозна снимка, на која се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот, објави Канал5.

Снимката ја сподели самиот на социјалните мрежи, иако според закон забрането е носење на огнено оружје на јавно место.

Нема информации дали пиштолот бил користен во традиционалното пукање во свадбените веселби, но скоро во исто време тетовската полиција упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби со оглед дека минатите години чести беа случаите во кои имаше и повредени лица.

Пукањето со огнено оружје е спротивно на законот за прекршоците против јавниот ред и мир и глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.