Денешен гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше заменик-министерот за локална самоуправа, новинар и член на Демократски Сојуз, Зоран Димитровски. Со него се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, за правата на новинарите, за договорот на Владата со Бугарија и слични теми.
Околу договорот со Бугарија тој искажа свое мислење.
– Вие денес не можете да преговорате за историјата односно за јазикот и идентитетот и мора да направите црвена линија до каде може да се оди, вели Димитровски.
Тој вели дека во договорот со Грција најголем проблем е тоа што ние се откажува од дел на историјата во корист на Грција, но сепак вели дека нема историјата да ја пишуваат ниту Заев, ниту Ципрас, туку светските историчари.
– Вие не можете да се откажете од античките Македонци бидејќи светските историчари ќе ја пишуваат историјата, вели Димитровски.
Тој повторно се враќа на договорот со Бугарија и вели дека најлошо е тоа што тие не признаваат дека кај нив имало фашизам.