Македонија 25. март 2019. / 16:18

(ВИДЕО) Децата без родители до Царовска: Државата ни ги затвора вратите

(ВИДЕО) Децата без родители до Царовска: Државата ни ги затвора вратите

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате во гради дека има закони и дека ги остваруваат своите права?“, праша Суаред Аришиќ од граѓанската организација „5 до 12“ на јавната дебата во Собранието за предлог-законот за социјална заштита. Со емотивен говор, тој порача, државата да го смени односот кон нив, затоа што како што кажа тие немаат друга мајка, државата им е се. Тој вели дека со животот води дополнителна битка, затоа што покрај дете без родители е и лице со попреченост.

Во законот се вели дека е пропишано домување откако детето ќе го напушти домот. Зошто јас тоа домување не го користам ако е така? Зошто Министерството за труд до ден денес не одговори на нашото барање да се состави комисија која ќе има надзор над службите што работат со овие лица? Тие деца ги чуваме т.н убави , групни домови и после 18 години ги фрламе на улица. И повторно имаме проблем, бидејќи тоа лице нема услови за живот и прашувам, дали треба да биде криминалец, да краде, да се судри со законот, за да преживее. Системот не е поставен како што треба, таму има поставено не транспарентни луѓе. Други зборуваат во наше име, бидејќи таму  нема ниту еден претставник од децата без родители. Нека каже министерката колку деца без родители и тоа со факултетски дипломи ја напуштија работата. Си заминаа од земјава да го бараат лебот во странство, затоа што дојдоа лица од граѓански организации и напредуваа на работни места, а децата без родители кои треба да се гордост на оваа држава беа фрлени во втор план. Ова е жално, затоа што јас немам друга мајка, оваа држава ми е се, но таа ми ги затвора вратите, рече Аришиќ.