Македонија 16. февруари 2021. / 10:08

(ВИДЕО) Дали во Македонија некои етнички заедници се дискриминирани?

(ВИДЕО) Дали во Македонија некои етнички заедници се дискриминирани?

Денеска, гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше Милутин Станчиќ – Директор на управата за унапредување на јазиците на заедниците. Со него со зборуваше на помалку актуелни и релативно заборавени теми, но кои секогаш се интересни за дебатирање. Таков пример е дискусијата на тема „Дали во Македонија некои етнички заедници се дискриминирани“?

– Има одредени аспекти кои треба да се надминат и постои огромни незнаења за одредени области за ускратените права кои некако се прифатија. Има поле на работа и во образованието и во културата и од религиски и верски аспект. Би било добро тековно да се решаваат работите без никакви тензии и условувања, рече Станчиќ.

Тој додава дека и треба да се зборува за унапредување на правата на помалите заедници, а тоа е обврска на државата.

Понатаму новинарот Златев го праша гостинот Станчиќ околу промената во законот за лични карти. Според гостинот ова е деликатно прашање кое може да се гледа од две страни.

– Има неколку аспекти кои се важни како се утврдува припадноста на некој граѓанин. Презимето не значи ништо за припадноста на граѓанинот, вели директор на управата за унапредување на јазиците на заедниците.