Ниту членовите на СДСМ веќе не можат да го премолчат хаосот кој влеадее во јавното здравство во Македонија. На една од трибините кои ги организира СДСМ, а се дел од кампањата за претседател на државата, еден од присутните му се обрати на Стево Пендаровски, кандидатот за претседател.
-Господине Пендаровски, треба да ги зајакнете институциите, посебно здравството. Јас често ги посетувам болниците. Тие не функционираат. Треба или да го смените министерот или да преземете некои порадикални мерки – му се обрати еден од присутните на трибината на СДСМ на Пендаровски.