Македонија 03. јуни 2020. / 22:11

(ВИДЕО) Цеца „грми“ во затворот во Битола: Вработена „меша“ пред затворските решетки

(ВИДЕО) Цеца „грми“ во затворот во Битола: Вработена „меша“ пред затворските решетки

Вработена во затворот во Битола, извесна Елена Кромидаровска, на социјалната мрежа Тик-Ток објави видео со фотографии на кои се гледа како таа позира во службените простории на оваа казнено-поправна установа.

Во позадина на видеото оди песната „Пустите ме да га видим“ од Цеца Ражнатовиќ, а битолчанката (со заштитна маска на устата, си почитува прописи девојчето), се држи за решетките од полуотворената железна врата, која, всушност, ги дели затворениците од слободата.

Како што дознава Плусинфо, Кромидаровска е вработена во затворот со договор.