Македонија 26. јануари 2021. / 22:29

(ВИДЕО) Царовска одговара, што е позитивно, а што негативно од Кембриџ реформата

(ВИДЕО) Царовска одговара, што е позитивно, а што негативно од Кембриџ реформата

Вечерва соговорник е министерката за образование Мила Царовска беше гостин на ТВ21. На почетокот на емисијата зборуваше за „Кембриџ реформата“, односно за нејзините предности и недостатоци.

– Самата Кембриџ програма се однесува на нови наставни програми, кои се однесуваат на два предмет – математика и природни науки. Првенствено, тој систем не значи дека е лош. Има многу земји кои имаат позитивен резултат со воведување етапно Кембриџ матаметика и природни науки, вели Царовска.

Министерката објасни зошто се смета дека таа програма е неуспешна кај нас, во нашиот образовен систем.

– Зошто се смета за неуспешна кај нас? Едно бараме кај учениците по математика, друго по мајчин јазик. Тие два предмети не се усогласени. Затоа наставниците имаат проблеми. Зошто не дава резултати? Не се адаптирани согласно концептот, не се поврзани со другите предмети во деветолетката, не биле подготвени наставниците и одеднаш се воведува во целиот систем, вели Царовска.