Македонија 01. мај 2019. / 22:20

(ВИДЕО) БОМБА ПРЕД ИЗБОРИ: Кандидатот на СДСМ за Охрид е ортак во милионско земјиште со Луковски – кумашинот на Мијалков!

(ВИДЕО) БОМБА ПРЕД ИЗБОРИ: Кандидатот на СДСМ за Охрид е ортак во милионско земјиште со Луковски – кумашинот на Мијалков!

Уште еден пример за поврзаност на групацијата на Сашо Мијалков со актуелните владејачки структури на СДСМ – открива „Економски Лидер“.

Овој пат, во пресрет на вториот круг од локалните избори во Охрид, со документи откриваме милионска поврзаност на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски, со кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Жарко Луковски е своевиден пример за негативните страни на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016. Тој, во голем дел од овој период беше директор на „Телеком“, а е познат по тоа што му е кумашин на екс директорот на УБК Сашо Мијалков и што беше сопственички поврзан во голем дел од компаниите на Мијалкови.

Против кумашинот на Мијалков во овој момент се водат неколку процеси од страна на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО).

За неговите бизнис потфати во изминатите неколку години медиумите пишуваа на долго и на широко, но, кој би помислил дека тој е партнер на човек кој во моментов е кандиат на СДСМ за да ја води една од најголемите општини во Македонија, Општина Охрид?

Документите од „Катастар за недвижности“, до кои стигна „Економски Лидер“ – покажуваат дека кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски, поседува атрактивна парцела на охридското крајбрежје заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Костадин Георгиевски.

Се работи за имотниот лист со број 786, за сопственост на парцелите 2743/2 и 2743/3, кои се наоѓаат на атрактивна локација во месноста „Конско“.

Според имотниот лист, парцелите се со вкупна површина од 4,736 метри квадратни и двајцата сопственици, Георгиевски и Луковски се сопственици со еднаков удел 50-50.

По слободна проценка, може да се каже дека ова земјиште има милионска вредност, ако се има предвид дека се наоѓа со директен пристап до охридското езеро и е во непосредна близина на локалниот пат.

Екипата на „Лидер“ се упати на лице место и го сними земјиштето и неговиот пристап до езерото. Во овој момент локацијата не е подготвена за градба и нема маркица, но, како што се говори во охридската чаршија – се чека Георгиевски да победи на локалните избори за овде да никне хотел или друг туристички објект кој ќе биде изграден и покрај тоа што е на помалку од 50 метри од езерото (УНЕСКО забранува градба на вакво растојание).

Економски Лидер веќе неколку недели работи на ова истражување, се обидовме да стапиме во контакт и со Константин Георгиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник – но, тој не одговори на нашите телефонски повици.

др. Георгиевски сакавме да го прашаме, како се поврзал со Луковски и дали во овој “бизнис“ е вмешан и познатиот хотелиер Сашо Мијалков? Што ќе се случи со ова земјиште по неговото доаѓање на функција? Дали овде ќе никне објект?