Македонија 21. декември 2020. / 11:34

(ВИДЕО) Бишевац за Заев: Политиката која ја води е контрадикторна сама по себе

(ВИДЕО) Бишевац за Заев: Политиката која ја води е контрадикторна сама по себе

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац во гостувањето во радио емисијата „Утро со Златев“ и тој зборуваше за политиката на Заев. Изрази видно незадоволство и вели дека неговата политика е контрадиторна сама по себе.

Бишевац потсети на една постара изјава на Заев во која вели „Чуму ми се парите, ако немаме идентитет“, а дека порпарлот на неговата партија „чуму ми е идентитетот, ако немаме пари“. Оттука, јано е за контрадикторноста во самата партија.

– Политиката во овој момент што се води во државата од страна на клучниот играч, премиерот Зоран Заев, тој го дефинира темпото, бојата и односите, всушност е контрадикторно само по себе. Ако во договорот со Грција се откажавме од делот што се вика македонско етничко малцинство, во делот на Егејска Македонија, ако со сите сили се убедува Заев да ја убеди бугарската страна дека нема да се меша во нивните внатрешни работи, чудно е што завчера отиде во Пустец, вели Бишевац во утринскиот подкаст „Утро со Златев“.

Тој додава дека во изјавите на Заев во последно време е забележан нагласениот патриотски дел.