Македонија 11. јануари 2019. / 20:23

(ВИДЕО) Бејли ја честита Северна Македонија

(ВИДЕО) Бејли ја честита Северна Македонија

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, ја честита промената на уставното име.

Според амбасадорот, Собранието донесе историска одлука и потсети дека процесот ќе заврши со ратификување на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

-Денес, Македонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција. Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници. Кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој Договор конечно ќе го реши спорот со името, што предолго ги спречуваше граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и во Европската Унија – рече Бејли.

Бејли од името на САД ја честита промената и кажа дека со нетрпение не очекуваат да стенеме дел од НАТО.

-Ги поздравувам вашите лидери во Владата и во Собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето на решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на Македонија на прво место. Со нетрпение чекаме да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион – кажа амбасадорот на САД.